Достапни линкови

Украина на чекор до пеколот


Претседателот Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата го потпишаа договорот за решавање на политичката криза во земјата. Доколку тој не биде спроведен, според експертите, ужасот би можело да биде уште поголем.

Она што одпрвин изгледа како решлив спор често пати преминува во конфликт, а целите стануваат се порадикални, бесот се акумулира се повеќе, а шансите за компромис се губат неповратно.
Затворениците кои беа ослободени се уште имаат кривични пријави. Од друга страна никој од полицијата не доби пријава за прекумерна употреба на сила.

Токму тоа деновиве се случи во Украина каде што протестите почнаа мирно во минатиот ноември, а кога изгледаше дека е можен и мирен излез од ќорсокакот, прераснаа во крвави насилства.

Центарот на Киев оваа недела стана вистинска воена зона. Така не изгледаше до пред неколку дена кога украинските власти ги амнестираа затворените демонстранти, а тие ги напуштија владините згради во центарот на градот.

„Затворениците кои беа ослободени се уште имаат кривични пријави. Од друга страна никој од полицијата не доби пријава за прекумерна употреба на сила“, ги објаснува Иван Лозови, аналитичар од Киев, дел од причините за ескалирањето на насилствата.

Ние во моментов сме во ситуација кога демократски избран претседател користи недемократски и нечовечки средства, пукајќи во народот, да се одржи на власт. Во исто време опозицијата користи сила за да го принуди да ја напушти функцијата.
Тој додава дека демонстрантите биле бесни и поради објавата на Москва дека ќе ја даде втората транша од помошта за Украина од 15 милијарди долари.

„На широко меѓу демонстрантите се верува дека владата на претседателот Јанукович и ветила на Москва дека ќе го исчисти плоштадот Мајдан за да ја добие новата транша“, додава Лозови.

Според експертот од Варшава, Еугениуш Смолар, пак, се чини дека покажувањето сила е најдобра опција и за власта и за опозицијата.

„Ние во моментов сме во ситуација кога демократски избран претседател користи недемократски и нечовечки средства, пукајќи во народот, да се одржи на власт. Во исто време опозицијата користи сила за да го принуди да ја напушти функцијата“, вели тој.

Според некои експерти, иако непосредната одговорност за хаосот во Киев лежи кај Јанукович, главниот архитект седи во Кремљ, рускиот претседател Путин. А токму тоа ги намалува шансите на Западот подиректно да биде инволвиран во кризата.

„Европската унија нема моќ да интервенира, ниту, пак, Соединетите Држави. Доколку Западот реши да тргне на патот на директно вклучување, тоа би значело нова Студена војна“, оценува Смолар.

Ова прашање е актуелно, бидејќи во центарот на кризата се несогласувањата во самото украинско општество околу тоа каде и е местото на Украина во светот.

Дел од Украинците зборуваат руски и тесно се поврзани со Москва, додека другите кои зборуваат украински иднинатата на земјата ја гледаат во рамките на Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG