Достапни линкови

logo-print

Ќе се сепарира ли Крим од Украина?


Рефат Чубаров

Рефат Чубаров

Парламентот на Крим ќе одржи вонредна седница во услови на контроверзни изјави за можна сепарација на полуостровот од Украина. Кримскиот парламентарец Рефат Чубаров изјави дека парламентот денеска ќе дебатира за политичка криза во Киев.

Некои медиумите во Украина објавија непотврдени информации дека неколку кримски приврзаници на претседателот Виктор Јанукович биле убиени од непознати напаѓачи враќајќи се од Киев.

Во меѓувреме, премиерот на Крим Анатолоиј Мохилов остро го критикуваше претседателот на парламентот Володимир Константиов поради неговата изјава дека Крим може да се одвои од Украина доколку анти владините протести ја уништат земјата.
XS
SM
MD
LG