Достапни линкови

Јанукович: постигнат договор за кризата во Украина


Прес службата на украинскиот претседател Виктор Јанукович соопшти дека бил постигнат првичен договор за решавање на кризата во земјата. Тоа било направено на разговорите меѓу претседателот Јанукович, тројката министри за надворешни работи на Европската унија и лидерите на украинската опозиција кои траеле целата ноќ. Во разговорите учествувал и рускиот посредник Владимир Лукин. Во изјавата од претседателскиот кабинет се додава дека договорот ќе биде потпишан во текот на денов, но не се наведуваат детали што тој содржи. Опозициските лидери и европската тројка најавија дека денеска повторно се можни преговори со претседателот Јанукович. Претходно Европската унија воведе забрана за визи на одговорните за насилствата во Киев. Министерставото за здравство соопшти дека од вторникот досега во судирите меѓу антивладните демонстранти и специјалците загинале 77 луѓе.
XS
SM
MD
LG