Достапни линкови

logo-print

Украинскиот парламент гласаше за повлекување на полицијата


Доцна синоќа, украинскиот парламент гласаше за повлекување на полицијата од Плоштадот на независноста во Киев за да се спречат безредијата. Медиумите јавуваат дека 236 законодавци од вкупно 450 пратеници во Парламентот ја поддржале мерката.

Заменик претседателот на парламентот, Руслан Кушулински ја прочита резолуцијата:

„Украинскиот парламент треба да ја осуди употребата на сила што доведе до смрт на украинскиот народ, да ги осуди тортурата и злосторства против човештвото.“

Сепак, членовите на Партијата на Јанукович останале настрана, иако некои, наводно, се префрлиле на страна на опозицијата.

Резолуцијата предвидува да се стави итен прекин на употребата на сила и да се забрани употребата на било каков вид на оружје и специјална опрема против украинските граѓани. Исто така, да се забрани анти-терористичката операција во Украина, одлука донесена од Службата за безбедност на Украина.

Заменик претседателот на парламентот рече дека Министерството за внатрешни работи мора веднаш да ги запре полициските службеници кои ги блокираат улиците во Киев и во другите градови и да ги повика безбедносните сили да се вратат во своите бази.
XS
SM
MD
LG