Достапни линкови

logo-print

САД подготвува санкции против Украина, Канада веќе воведе


Во телефонски разговор со украинскиот претседател Виктор Јанукович, американскиот потпретседател Џо Бајден му рекол дека САД подготвуваат санкции против украинските функционери одговорни за насилствата. Претходно, Белата куќа соопшти дека Вашингтон размислува какви чекори да преземе. Неименуван функционер од Стејт депарментот во средата изјави дека се подготвува забрана за издавање визи за 20 украински функционери.

Претходно, Канада соопшти дека воведува санкции против високите украински функционери кои се поврзани со насилствата против демонстрантите. Во Канада има голема украинска дијаспора, според последниот попис има 1,2 милиони Канаѓани со украинско потекло. Оваа недела, канадската влада соопшти дека ќе обезбеди медицински материјали за демонстрантите. Мала група украински демонстранти се засолниле во канадската амбасада во Киев пред затворањето на дипломатското претставништво во средата. Претходно и ЕУ воведе санкции против украинските функционери, кои како што се наведува „имаа крв на рацете“.
XS
SM
MD
LG