Достапни линкови

Русија - пресуда за анти-Путин демонстранти


Судот во Москва денеска треба да ја соопшти пресудата против осуммина луѓе уапсени на антивладините протести на 6 мај 2012 година. Тие се обвинети за напад врз полицијата за време на протестите. Критичарите на Кремљ ја обвинија полицијата за насилствата на протестите на Плоштадот Болотнаја во Москва. Обвинетите, седум мажи и една жена, повеќето од нив меѓу 20 и 30 години, исто така се обвинети и за немирите. Ако бидат прогласени за виновни, може да добијат до 8 години затвор, иако обвинителството побара казни од 5-6 години.
XS
SM
MD
LG