Достапни линкови

Обама ќе се сретне со Далај Лама


Архивска фотографија, 2010.

Архивска фотографија, 2010.

Американскиот претседател Барак Обама денеска треба да се сретне со тибетскиот духовен водач Далај Лама во Белата куќа. Најавувајќи ја средбата доцна, портпаролката на Националниот совет за безбедност, Кетлин Хајден, изјави дека САД го признаваат Тибет како дел од Кина, но оти се „загрижени поради постојаните тензии и влошувањето на состојбата со човековите права“ во тибетските области на Кина. Ова ќе биде прва средба на Обама со 78-годишниот тибетски духовен водач од јули 2011 година, кога Пекинг бараше средбата да биде откажана.
XS
SM
MD
LG