Достапни линкови

Ракетен напад во Ирак, најмалку 20 жртви


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку 20 луѓе загинаа во ракетен напад во градот Масајиб јужно од Багдад. Во населен дел на градот со мнозинско шиитско население паднале пет минофрлачки гранати. Сè уште не е познато кој стои зад нападот. Шиитското мнозинство во Ирак често е мета на напади од сунитските бунтовници кои се обидуваат да ја ослабнат шиитската влада. Од почетокот на годинава во Ирак се убиени повеќе од 1500 луѓе, најголем дел од нив во насилства поврзани со меѓуверскиот конфликт.
XS
SM
MD
LG