Достапни линкови

Министри на ЕУ на разговори со Јанукович и опозицијата


Полиција пред парламентот во Киев.

Полиција пред парламентот во Киев.

Тројца министри за надворешни работи од ЕУ повторно се на разговори со украинскиот претседател Виктор Јанукович за наоѓање начин за излез од кризата во земјата.

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус ги опиша разговорите во Киев како многу тешки. Фабиус, заедно со министрите за надворешни работи на Германија и на Полска, вчера пристигна во Киев на разговори и со владата и со опозицијата.

Руската новинска агенција ИТАР-ТАСС објави дека во преговорите учествува и рускиот посредник Владимир Лукин. По средбата со опозицијата, шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски изјави дека бил постигнат напредок во однос на предложениот план за олеснување на кризата, за кој дипломатите велат дека вклучува и формирање на привремена влада.

Разговорите на тројцата европски министри во Украина продолжуваат и денеска. Тие пристигнаа во Киев откако насилствата меѓу антивладините демонстранти и полицијата на Плоштадот Маидан повторно се разгореа при што има десетици загинати. Видео снимките од насилства што објавени вчера покажуваат специјалци качени на околните згради како пукаат во демонстрантите. Министерот за внатрешни работи изјави дека на полицијата ѝ е дадено борбено оружје и оти ќе го користи „согласно законот“. Министерството за здравство соопшти дека од вторникот досега се убиени 75 луѓе.
XS
SM
MD
LG