Достапни линкови

Голем анти-владин протест во Тирана


Обединетата албанска опозиција, предводена од демократите на Љуљзим Баша, на мирниот анти-владин протест во Тирана денеска попладне собраа околу 150 илјади граѓани, јави дописникот на МИА од Тирана.
На протестот беше изкажано незадоволството од Владата на Еди Рама, кого го нарекоа лажго и му порачаа или да почне со вистинска работа или да си замине.

Според Баша, ова е најголемиот и најмасовниот протест што некогаш е одржан во Албанија, а тоа е резултат на револтот на граѓаните против корумпираната власт и власт на олигарси.
На чело на поворката, во која беа и сите пратеници на опозицијата, беше и поранешниот албански премиер и екс лидер на демократите Сали Бериша, кој и покрај барањата на дел од учесниците, не се обрати пред нив.
Протестот мина мирно, без инциденти.
XS
SM
MD
LG