Достапни линкови

Венизелос - Името не е главна пречка за влез во ЕУ


Заменик-претседателот на Владата и МНР на Грција и претседавач со Советот за општи работи на ЕУ Евангелос Венизелос во Скопје.

Заменик-претседателот на Владата и МНР на Грција и претседавач со Советот за општи работи на ЕУ Евангелос Венизелос во Скопје.

Најголемата пречка не е познатото прашање за името, туку обврската да се исполнат копенхагеншките критериуми, особено главниот, за добрососедски односи, рече грчкиот министер Венизелос.

Главната пречка за влез на вашата земја во ЕУ, не е популарно нареченото „прашање за името“, туку исполнувањето на копенхагеншките критериуми, рече грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос на крај на посетата на земјата.
Најголемата пречка не е познатото прашање за спорот за името, туку обврската да се исполнат копехнашките критериуми, особено главниот критериум за добрососедски односи.

„Најголемата пречка за европската перспектива на поранешната југословенска Република Македонија не е познатото прашање за спорот за името, туку обврската да се исполнат копехнхагеншките критериуми, особено главниот критериум за добрососедски односи. Ова не е некој вид на национална забелешка, ова е европска и меѓународна обврска“, рече Венизелос.

По денешните средби тој добил впечаток дека има простор за дијалог.

„Мој личен впечаток по дводневните средби е дека Владата, политичките власти и граѓанското општество се подготвени да учествуваат во дијалогот, не само за прашањето за името, туку и за унапредување на билатералната соработка“, рече тој.
Потребо да се посвети внимание на продолжувањето на дијалогот за спорот за името под покровителство на ОН, но и разговори на билатерално политичко ниво за да се намалат разликите.

Венизелост изјави дека со премиерот Никола Груевски се согласиле дека треба да се искористат во целост процедурите преку ОН и амбасадорот Нимиц. Грчкиот министер вели дека му било пријатно при посетата на земјава и е подготвен да дојде пак, а го покани и неговиот македонски колега да ја посети Грција за време на Состанокот на земјите членки на ЕУ во Солун во април. Венизелос вели дека целосната евроатлантска интеграција на земјата е важна за регионалната стабилност и за грчкото претседателство.

Што се однесува, пак, до предлогот на Европската комисија Македонија да води двоен процес и за името и за влез во ЕУ, Венизелос одговори дека политиката на проширување е под одговорност на Советот на ЕУ, а не на Европската комисија и дека конечната одлука е политичка.

Венизелос потсети дека според заклучоците од декемврискиот самит, добрососедските односи се клуч за почеток на преговорите и секако да се имплементира договорот од 1 март. Тој вели дека од земјава се очекува да ги подобри добрососедските односи, не само со Атина, туку и со Софија.
На сите им е јасно што е главната причина и зошто сме спречени да влеземе во НАТО и да отпочнеме преговори со ЕУ, впрочем тоа не сме го кажале само ние, тоа го кажува веќе пет години и Европската Комисија.

Од Кабинетот на премиерот Никола Груевски соопштуваат дека на средбата со Венизелос, Груевски посочил оти е потребо да се посвети внимание на продолжувањето на дијалогот за спорот за името под покровителство на ОН, но и разговори на билатерално политичко ниво за да се намалат разликите, „за што е неопходна посветеноста и искрена волја од двете страни“, стои во соопштението од Влада. Исто така се наведува дека премиерот повторил дека Македонија останува посветена на ЕУ агендата, на реформите поврзани со Унијата и на подобрување на добрососедските односи.

По средбата од Венизелос, министерот за надворешни работи Никола Попоски рече дека политичката реалност во Грција не остава простор за суштински напредок во однос на спорот за името. Тој смета дека се неконструктивни изјавите на грчката страна дека копенхагеншките критериуми, а не името се пречка за влез во ЕУ.

„На сите им е јасно што е главната причина и зошто сме спречени да влеземе во НАТО и да отпочнеме преговори со ЕУ, впрочем тоа не сме го кажале само ние, тоа го кажува веќе пет години и Европската комисија“, вели Никола Попоски, министер за надворешни работи.

Венизелос денеска се сретна и со претседателот Ѓорге Иванов, со вицепремиерот за еворинтеграции Фатмир Бесими, како и со лидерите на ДУИ и на СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев. Тој ја посети земјава во рамки на турнејата низ Западен Балкан, како претседавач со Советот за општи работи на ЕУ. Венизлеос претходно ги посети Србија, Црна Гора, Би и Косово, а од тука заминува за Албанија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG