Достапни линкови

Иванов го прими Венизелос


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска во Скопје го прими претседавачот на Советот на Европската унија, грчкиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос. Претседателот Иванов на средбата, како што соопшти неговиот кабинет, на министерот Венизелос му порачал дека решение за отвореното прашање со името е можно само со стриктно придржување до рамката во која се води процесот во ОН, со почитување на постоечките резолуции на Советот за безбедност, Времената спогодба, меѓународното право и пресудата од Хаг.
XS
SM
MD
LG