Достапни линкови

ЗОИ: Дел од украинската експедиција го напушта Сочи


Дел од украинскиот состав на Зимската Олимпијада во Сочи, во знак на протест поради крвавите инциденти во Киев решија да се повлечат од Игрите. Станува збор за алпската скијачка Богдана Мацоцка нејзиниот татко и тренер Олег Мацоцки. „Тоа што се случува во нашата земја претставува кршење на старите принципи на Олимписките игри, а тоа е примирје насекаде низ светот“, оцени Мацоцка. Претседателот на Украинскиот олимписки комитет Сергеј Бубка од украинските репрезентативци во Сочи побара да покажат единство, но додаде дека го почитува правото на сите спортисти сами да донесат одлука дали сакаат да останат до крајот или да се вратат во Украина.
XS
SM
MD
LG