Достапни линкови

Собранието штанца закони


Архивска фотографија - Седница на Собранието на Република Македонија.

Архивска фотографија - Седница на Собранието на Република Македонија.

Носењето на стотина закони по брза постапка за опозицијата е спротивно на сите демократски практики. Од владејачката коалиција велат дека се е според закон.

На последната седница на Собранието на Македонија, пред да ја прекине работата во март, поради претседателските избори во април, на дневен ред се ставени 112 закони од Владата кои треба да се донесат по скратена постапка. За опозицијата ова е спротивно на сите демократски практики.
Ќе се повтори она што го имавме пред неколку години, владеачкото мнозинство само да си ги изгласа законите што е надвор од било каква демократска постапка и процедура.

Во скратена постапка не е можна ниту дебата, ниту дискутирање по содржината на законите, коментира Петре Шилегов од СДСМ кој потсетува дека на овој преседан на парламентарното мнозинство пред неколку години укажа и Европската комисија и го стави во еден од своите извештаи, со препорака скратената постапка да биде исклучок.

„Ќе се повтори она што го имавме пред неколку години, владеачкото мнозинство само да си ги изгласа законите што е надвор од било каква демократска постапка и процедура и е надвор од укажувањата на Европската комисија, што само по себе зборува колкаво е всушност расположението на Владата и парламентарното мнозинство за задоволување на европските стандарди“, вели Петре Шилегов од СДСМ.
Верувам дека ќе беше многу поубаво тие да одеа во редовна постапка, впрочем разликата ќе беше не повеќе од недела дена.

Опозицијата тврди дека законите се носат предизборно и со цел да се прикријат грешките и лошите решенија во Законот за државните службеници кој исто така е на дневен ред. И Иван Величковски од ЛП не се согласува дека има потреба од ваквиот начин на утврдување на дневниот ред на собраниската седница посочувајќи дека на тој начин се носат лоши решенија.

„Навистина дел од нив во најголем дел се усогласувања, но воопшто немаше потреба да се обременува, а верувам дека ќе беше многу поубаво тие да одеа во редовна постапка, впрочем разликата ќе беше не повеќе од недела дена“, вели Ивон Величковски.
Морам да нагласам дека добар дел од законите се кратки и се однесуваат на подобрување или поправка на некои решенија кои се покажале како недоволно добри во претходниот период.

Во своето образложение за итноста на постапката, Лилјана Поповска од ДОМ одговори дека се работи само за усогласување на други закони и оти прописите не се прекршени.

„Морам да нагласам дека добар дел од законите се кратки и се однесуваат на подобрување или поправка на некои решенија кои се покажале како недоволно добри во претходниот период, така што не бараат некои поголеми, подлабоки расправи“, вели Лилјана Поповска.

Меѓутоа иако пратениците од парламентарното мнозинство велат дека се работи само за усогласување на други закони, опозицијата не мисли така.

„Тие можеби имале цел да покажат ефикасност, но нивната ефикасност потоа, за не повеќе од десет дена, повторно ги враќа истите закони што треба да бидат подобрени, односно од нив да бидат отстранети технички грешки кои многу значат“, вели Величковски.

„Вчера беа доставени, вчера беше реакцијата, допрва ќе ги разгледува парламентарната група и ќе укажеме на аномалиите и недостатоците во целата таа постапка“, вели Шилегов.

Вчера претседателот на Собранието Трајко Вељаноски реагираше дека секој овластен избирач, и Владата може да достави предлог закон по скратена постапка и дека негова должност е да го стави во процедура. Опозицијата одби да даде поддршка на ваквиот начин на утврдување на дневниот ред и ја напушти салата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG