Достапни линкови

logo-print

Во Киев состанок меѓу ЕУ министри и Јанукович


Новинските агенции јавуваат дека во Киев се одржувал состанок меѓу украинскиот претседател Виктор Јанукович и делегација на Европската унија што ја сочинуваат шефовите на дипломатиите на Полска, Германија и Франција. Состанокот не бил во претседателската палата бидејќи во близината на зградата денеска повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Претходно агенциите јавија дека полскиот министер Радослав Сикорски рекол оти најновите судири во Киев ја спречиле средбата што тој и неговите колеги требаше да ја имаат со претседателот Јанукович. Во Киев би требало да допатува и рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин.
XS
SM
MD
LG