Достапни линкови

Во Киев нови судири и жртви, наместо примирје


Во Киев денеска дојде до судири и покрај тоа што украинскиот претседател Виктор Јанукович и опозициските лидери синоќа договорија примирје и почеток на директни разговори за завршување на кризата во земјата. Агенциите јавуваат дека имало десетина загинати цивили и заробени полицајци.

Стотици антивладини демонстранти и специјални сили на украинската полиција повторно се судрија на плоштадот Мајдан во Киев. Демонстрантите, како што јавуваат агенциите, ги принудиле полициските сили да се повлечат за 200 метри и сега контролирале поголем дел од плоштадот.

Полицијата употребила гумени куршуми во обидот да возврати на нападот на демонстрантите со молотови коктели и камења.

Предходно беше договорено примирје меѓу претседателот Виктор Јанукович и опозициските лидери. Едниот од нив Арсениј Јацењук на страницата на неговата партија напиша: “Јуришот врз Мајдан што властите го планираа за денеска нема да се случи“.

Американскиот претседател Барак Обама оцени дека примирјето е „чекор напред“, но додаде дека Белата куќа ќе ја следи ситуацијата во таа земја.
Нашиот пристап како Соединетите држави не е да го гледаме ова како на партија шах од Студената војна во која ние си конкурираме со Русија. Нашата цел е да обезбедиме луѓето во Украина да бидат во можност сами да носат одлуки за нив и за нивната иднина.

„И ние продолжуваме да им укажуваме на претседателот Јанукович и украинската влада дека тие ја имаат примарната одговорност за спречување на ова ужасно насилство што сме го виделе. Треба да ги повлечат специјалците и да работат со опозицијата за враќање на сигурноста и човечкото достоинство. Тоа вклучува и повеќепартиска техничка влада која ќе може да работи со меѓународната заедница на реформи за слободни и фер избори во идната година.“

Обама исто така оцени дека во случајот со Украина, како и во случајот со Сирија, не станува збор за некаква конкуренција меѓу Соединетите држави и Русија.

„Нашиот пристап како Соединетите држави не е да го гледаме ова како на партија шах од Студената војна во која ние си конкурираме со Русија. Нашата цел е да обезбедиме луѓето во Украина да бидат во можност сами да носат одлуки за нив и за нивната иднина.“

Веднаш по оваа изјава на Обама, Стејт департментот објави дека им забранила американски визи на 20 украински функционери и предупреди на натамошни заеднички потези со Европската унија доколку продолжат насилствата.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен побара од украинската влада да не ја вклучува војската за справување со опозицијата.

Претходно претседателот Јанукович го смени шефот на украинските вооружени сили Володимир Замана, но без да бидат наведени причините за таквиот потег.

Смената следуваше откако Министерството за одбрана соопшти дека војската би можело спроведе антитерористичка операција во целата земја.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека во телефонски разговар со рускиот претседател Владимир Путин се согласиле да направат се што е можно за да не дојде до натамошна ескалација на ситуацијата.

Крвавите немири во кои загинаа најмалку 28 луѓе избувнаа и покрај тоа што се чинеше дека тензиите во Украина почнаа да спласнуваат откако владата ја имплементираше условната амнестија за луѓето уапсени во антивладинте демонстрации.

Тие почнаа во минатиот ноември како реакција на одлуката на јанукович да на је потпише спогодата за соработка со Европската унија и да ја прифати помошта од 15 милијарди долари од Русија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG