Достапни линкови

Во напад со беспилотно летало во Јемен убиени цивили?


Хјуман Рајтс Воч во најновиот извештај наведува дека во напад со американско беспилотно летало во Јемен во декември лани биле убиени десетина цивили на нивниот пат до една свадбена церемонија. Во извештајот се прецизира дека шетири ракети го погодиле конвојот при што 12 луѓе загинале, а 15 други биле ранети. Нивните семејства велат дека тие не биле милитанти како што тврдат властите на Јемен. Нападот бил истражуван и од американски експерти, но досега не се објавени наодите.
XS
SM
MD
LG