Достапни линкови

Усогласени прашањата за преговорите за иранската нуклеарна програма


Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Високите претставници на Иран и на шесте светски сили кои разговараат за иранската нуклеарна програма се согласија за листата на прашања кои треба да бидат опфатени во текот на претстојните преговори, соопшти иранскиот заменик-министер за надворешни работи Абас Арагчи. Тој изјави дека следната рунда разговори ќе се одржи во Виена меѓу 17 и 20 март. Западен делегат за новинската агенција ДПА рече дека забелешките на Арагчи „не се погрешни“. Претходно, портпаролот на американскиот Стејт департмент изјави дека двете страни не разговараат само за агендата на идните преговори, туку започнале да зборуваат и за суштината на овој сеопфатен договор. Дводневните разговори во Виена беа првите преговори по времениот договор постигнат на 24 ноември.
XS
SM
MD
LG