Достапни линкови

logo-print

Иран го кани австрискиот претседател во посета


Архивска фотографија: Австрискиот претседател Хајнц Фишер.

Архивска фотографија: Австрискиот претседател Хајнц Фишер.

Австрискиот претседател Хајнц Фишер е поканет да го посети Иран, соопшти неговиот портпарол. Ако ја прифати понудата, Фишер ќе стане првиот западен шеф на држава кој ќе ја посети Исламската република откако претседателот Хасан Рохани ја презеде функцијата во август минатата година. Рохани вети дека ќе ги подобри врските на Иран со меѓународната заедница. Во последните неколку недели, неколку високи странски претставници, вклучувајќи ги турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, беа во посета на Техеран на разговори со иранските лидери. Австрискиот главен град Виена е домаќин на разговорите меѓу претставници на Иран и шесте светски сили за постигнување долгорочен договор со кој ќе се реши прашањето за иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG