Достапни линкови

Фејсбук го купува „WhatsApp“ за 19 милијарди долари


Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг.

Фејсбук го купува сервисот за мобилни пораки „WhatsApp“ за 19 милијарди долари во готовина и акции, соопштуваат од компанијата. Најголемата светска компанија за социјално вмрежување соопшти дека за „WhatsApp“ ќе одвојат 12 милијарди долари во акции на Фејсбук и 4 милијарди долари во готовина. Сервисот за мобилни пораки месечно има повеќе од 450 милиони активни корисници. Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, вели дека „WhatsApp“ е на добар пат да стигне до милијарда корисници.
XS
SM
MD
LG