Достапни линкови

Венизелос вечерва во Приштина, па во Скопје


Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос вечерава во Приштина разговараше со лидерите на Косово.
Како што се јавува, од Приштина, најевено било отворање на канцелариии за врски во Атина и Приштина.
Тој потоа заминува за Скопје каде за утре се предвидени најголемиот дел средби и разговори.

Претходно, претпладнето Венизелос во рамките на балканската турнеа, како актуелен преседавач на Советот на министрите на ЕУ престојуваше во Босна и Херцеговина.

Тој по разговорите со државниот врв на БиХ во Сараево порача дека ЕУ е подготвена да и даде целосна поддршка на БиХ за зачувување на нејзината стабилност и територијалниот интегритет, како и во спроведување на реформите.

Венизелос рече дека европскиот пат на БиХ треба да се искористи и како можност за јакнење на внатрешното интегрирање на земјата, а неодамнешните масовни протести ги оцени како „показател дека државата, покрај етничките и уставните, мора сериозно да се позанимава и со проблемите од економска и социјална природа.
XS
SM
MD
LG