Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ не одговори за становите, праша за тендерите на Заев


Редно време е Петре Шилегов и СДСМ да понесат одговорност за многуте скаданли на највисокото раководство на партијата, како на пример за Зоран Заев и Радмила Шеќеринска кои се покажаа како раководство кое се води единствено според нивните бизнис интереси.

Ова го истакнува ВМРО-ДПМНЕ во ракција на денешната партиска прес-конференција на Шилегов на која тој обвини дека дека во зградата кај МВР пред еден месец стан вреден околу 110 илјади евра има купено Слободанка Алексовска, советничка во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а стан од 120 илјади евра има сопругот на Соња Лепиткова, која работи како државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Портпаролот на партијата Петре Шилегов изјави дека во зградата на МВР имотот на неколкуте членови на ВМРО-ДПМНЕ е вреден еден милион евра.
XS
SM
MD
LG