Достапни линкови

СДСМ: членови на ВМРО ДПМНЕ купија станови кај МВР за милион евра


.

.

СДСМ денеска објави нови имиња на лица од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат купено станови во зградата во близина на Министерството за внатрешни работи.

Портпаролот на партијата Петре Шилегов изјави дека во зградата кај МВР пред еден месец стан вреден околу 110 илјади евра има купено Слободанка Алексовска, советничка во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а стан од 120 илјади евра има сопругот на Соња Лепиткова, која работи како државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Ова е втор стан на Лепиткови во Скопје. Лепиткови од Пробиштип, во 2009 купиле стан во Скопје, а четири години подоцна купуваат втор стан, во оваа зграда“, рече Шилегов, презентирајќи документи од имотните листови.

Според него, имотот на неколкуте членови на ВМРО-ДПМНЕ во оваа зграда е вреден еден милион евра
XS
SM
MD
LG