Достапни линкови

logo-print

Втор ден разговори за иранската нуклеарна програма


Официјалните претставници на шесте светски сили и на Иран денеска го одржаа вториот ден од нуклеарните преговори во Виена.

Двете страни оценија дека разговорите се суштински. Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф кој ја предводи делегацијата од неговата земја на разговорите во Австрија изјави дека тој се надева оти Иран и светските сили може да го финализираат нуклеарниот договор до јули.

Разговорите во Виена се прва рунда од преговорите на високо ниво од ноемвриската спогодба со која Техеран треба да намали дел од своите нуклеарни активности во замена за олеснување на меѓународните санкции.

Како и да е, иранскиот лидер Ајатолахот Али Хамнеи изјави дека не е оптимист дека нуклеарните разговори ќе резултираат со одржлив договор и предупреди дека процесот не води никаде.
XS
SM
MD
LG