Достапни линкови

Законите за животна средина добри, проблематично спроведувањето


Илустрација.

Илустрација.

Од надлежните институции и на централно и на локално ниво има повеќе декларативни, отколку вистински заложби за надминување на проблемите со животната средина. Кирил Ристовски од невладината организација за екологија Флоразон.

Од надлежните институции и на централно и на локално ниво има повеќе декларативни, отколку вистински заложби за надминување на проблемите со животната средина. Кирил Ристовски од невладината организација за екологија Флоразон вели дека граѓанските организации се малку вклучени во сите нивоа на донесување на одлуките, без разлика дали станува збор за плански документи или за носење или измени на одредени закони. Тој вели дека е на место забелешката дека, особено во поглед на животната средина, нема голем проблем со законите, туку со нивното спроведување.
Националната легислатива е скоро во целост хармонизирана со онаа на ЕУ, меѓутоа, секогаш постои зборот меѓутоа, имплементацијата претставува еден сериозен проблем, како во Република Македонија, така и во регионот.

„Националната легислатива е скоро во целост хармонизирана со онаа на ЕУ, меѓутоа, секогаш постои зборот меѓутоа, имплементацијата претставува еден сериозен проблем, како во Република Македонија, така и во регионот“, вели Ристовски.
Кирил Ристовски, претседател и програмски директор на Флоразон.

Кирил Ристовски, претседател и програмски директор на Флоразон.


Тој вели дека клучни проблеми се ниската јавна свест за оваа проблематика и кај граѓаните, но и кај донесувачите на одлуки, но и премногу слабиот капацитет кај останатите чинители, како на пример единиците на локалната самоуправа.

Организацијата Флоразон наредниот месец почнува со истражување со кое треба да се утврди Индексот на еколошка демократија во земјава. Исто истражување ќе се спроведува во повеќе од 20 земји во светот. Целта на истражувањето е да го оцени степенот на усогласеност на националното законодавство со меѓународните конвенции во делот на еколошката демократија(пристап до информации од јавен карактер, учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки и пристап до правда за прашања поврзани со животната средина).

Ристовски вели дека со оглед на состојбите, веројатно дека истражувањето ќе даде слични резултати, како она спроведено во 2007 и во 2008 година.

Јасно ќе се укаже од потребата за зголемување и зајакнување на административните капацитети, како на централно, така и на локално ниво. Дополнително, зајакнување на капацитетите кај граѓанските организации и останатите чинители кои се засегнати од менаџирањето на животната средина“, вели Ристовски.

Тој вели дека институциите на кои се однесуваат овие препораки повеќе имаат декларативни, отколку вистински заложби за спроведување на овие препораки.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG