Достапни линкови

Студирањето на англиски - излезна порта кон светот


Универзитет на Jугоисточна Европа во Тетово.

Универзитет на Jугоисточна Европа во Тетово.

Во 2012 година, 17 проценти од студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово наставата ја следеле на англиски, а во 2013 година тој број се зголемил на 30 проценти.

Работно место во некоја интернационална компанија некаде во Европа или низ светот, висока плата, патувања и слично. Вакви предизвици си поставуваат се поголем број млади од Македонија. Дека младите, пред се студентите, навистина се движат во таа насока покажуваат анализите на Универзитетите.
Се смета дека студирањето на англиски јазик е излезна порта кон светот, им дава поголеми можности првин за стипендии, па потоа и за вработување.

Од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово велат дека секоја година се зголемува бројот на студенти кои наместо на мајчиниот одбираат да учат на англиски јазик. Ако во 2012 година 17 проценти од студентите наставата ја следеле на англиски, во 2013 година 30 проценти или една третина од нив се одлучиле на таков чекор.
Ендру Гудспид.

Ендру Гудспид.


Ендру Гудспид, вицеректор за настава на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, вели дека и во Македонија, како и во земјите во Европа, постои тренд високообразовните институции да нудат настава на англиски јазик со што дипломците поради се поголемата мобилност ќе можат да најдат работа во други земји, наместо во државата во која студираат.
Пред се го одбрав англискиот јазик како најперспективен јазик. Ми отвара многу врати овој јазик и можности за натамошно комуницирање.

„Триесет проценти од нашите студенти студираат на англиски јазик сега. Некои од нив се насочени посебно кон студирањето англиски јазик за да бидат професори или преведувачи, но имаме бројни програми за бизнис или за компјутерски науки на кои се предава на англиски јазик. Се смета дека студирањето на англиски јазик е излезна порта кон светот, им дава поголеми можности првин за стипендии, па потоа и за вработување. Сепак, тешко е да се успее во меѓународната глобална економија ако сте студирале бизнис, а не учите англиски јазик“, вели Ендру Гудспид, вицеректор за настава на Илустрација.

Илустрација.

Универзитетот на Југоисточна Европа.

Надица Јовановска и Мартин Пресилски се меѓу оние студенти кои го одбрале англискиот јазик како начин да обезбедат подобрат перспектива во животот.

„Во денешно време многу повеќе се бара англиски јазик и воопшто јазиците, но претежно за работа се бара англискиот јазик како првичен јазик. Во глобални рамки јазикот зазема големи размери на изучување кај нас и во Европа, и во светот, така да е значаен за да полесно се разбереме сите на еден заеднички јазик, вели Надица Јовановска.

„Пред се го одбрав англискиот јазик како најперспективен јазик. Ми отвара многу врати овој јазик и можности за натамошно комуницирање, без разлика дали би се занимавал со таа професија отвора можности во големки рамки, во која била работа може да се употребува, Мартин Пресилски.

Младите уште во текот на студирањето имаат можности за запознавање на глобалните образовни и општествени текови на другите земји, а пред се на државите членки на Европската унија преку програмите за мобилност, односно размената на студенти. Најчесто по една година од студиите поминуваат на образовните институции во други земји со кои матичните универзитети имаат договорено соработка.
XS
SM
MD
LG