Достапни линкови

Дневниот ред на 85-тата седница на Парламентот дополнета со 112 закони


На денешната 85-та седница на Собранието на Македонија, дневниот ред, е дополнет со 112 закони за донесување по скратена постапка, поради што, процедурално реагираа пратениците од СДСМ, НСДП и ДПА.
- Дали е државата во вонредна или можеби во воена состојба за која не знаеме штом се носат 112 закони по скратена постапка во еден ден, - го прашаа Горан Сугаревски и Горан Мисовски претседателот на Собранието Трајко Вељаноски
- Ваквиот потег на Владата е со единствена намера, да се прикријат катастрофалните измени на Законот за државни службеници, посочи Сугаревски, додавајќи дека пратеничката група на СДСМ нема да ги поддржи најновите решенија зашто се нефункционални и полни со грешки.
На тоа реплицираше Вељаноски со објаснување дека е негова должност, согласно Деловникот, доставените законите од секој овластен предлагач, вклучувајќи ја и Владата, да ги стави на дневен ред, а дали ќе бидат прифатени или не, е работа на Парламентот.
XS
SM
MD
LG