Достапни линкови

logo-print

ЕУ најавува санкции против личности од Украина


Европските лидери предупредија дека ќе ја разгледаат можноста од воведување санкции против Украина поради најновите смртносни насилства меѓу демонстрантите и полицијата. Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека земјите – членки, како итна мерка, веројатно ќе усвојат санкции против одговорните за насилствата и за прекумерната употреба на сила. За санкции се заложи и полскиот премиер Доналд Туск, а на оваа тема во тек се консултации меѓу Германија и Франција. Во Меѓувреме, руското министерство за надворешни работи побара од украинската опозиција веднаш да запре со крвопролевањата и да се врати на преговорите.
XS
SM
MD
LG