Достапни линкови

Фридом Хаус со остра осуда за насилствата во Киев


Фридом Хаус остро ги осуди насилствата меѓу анти-владините демонстранти и полицијата во Киев, но и владиното предупредување дека ќе бидат употребени сите легални средсства против демонстрантите. Во соопштението де додава дека ваквиот развој претставува алармантен сигнал дека претседателот Виктор Јанукович се решил за ескалација на политичката криза. Претседателот на Фридом Хаус, Дејвид Крамер изјави дека Јанукович треба да си поднесе оставка, а Соединетите Држави и Европската Унија веднаш да побараат од него да не употребува сила, како и да воведат санкции против одговорните украински официјални претставници.
XS
SM
MD
LG