Достапни линкови

logo-print

Коалициската влада во Чешка доби доверба од Парламентот


Како што однапред се знаеше,меѓутоа по бурна 12-часовна расправа коалициската влада на чешките социјалдемократи со Алијансата на незадоволните граѓани на милјардерот Андреј Бабис и демохристијаните добија доверба од Парламентот. За доверба на владата на лидерот на Чешката социјалдемократска партија на премиерот Бохуслав Соботка гласаа 110 пратеници. Владеачката коалиција во Пратеничкиот дом од 200 членови има 111 пратеника.
Премиерот Соботка на почетокот од расправата во Парламентот како најважна задача на неговата влада го наведе придвижувањето на стопанскиот раст со истовремено стопирање на дефицитот на јавните финансии.Чешката левица се врати на власт на вонредните избори во есента минатата година.
XS
SM
MD
LG