Достапни линкови

logo-print

Јанукович ја обвини опозицијата за насилствата,судирите продолжуваат


Украинскиот претседател Виктор Јанукович ги повика опозициските лидери да се дистанцираат од „радикалите“ предупредувајќи дека ако тоа не го сторат тогаш тој поинаку ќе разговара со нив.Во изјавата Јанукович вели дека дека некои членови од опозицијата ја преминале грaницата кога ги повикале подржувачите да донесат оружје на протестите во центарот на Киев. Претседателот на Украина овие луѓе ги нарече криминалци и рече дека тие ќе се соочат со лицето на правдата на суд.Но Јанукович рече дека сепак не е доцна дa се запре конфликтот.
Најмалку 25 лица беа убиени а стотици се повредени во најжестоките судири меѓу анти владините демонстранти и полицијата што ескалираа вчера во Киев. Полицијата соопшти дека во судирите загинале седум полицајци.
Судирите меѓу полицијата и демонстрантите на плоштадот во Киев продолжија и во текот на ноќта. Неколку ката на зградата на Трговската унија кои беа користени како штаб на анти владините демонстранти се запалени во Киев. Опозициските лидери Витали Кличко и Арсениј Јатценук се сретнаа со Јанукович синоќа,но Кличко по разговорите изјави дека не успеале да најдат решение за ставање крај на кризата.
XS
SM
MD
LG