Достапни линкови

logo-print

Венизелос денеска во Црна Гора и Сараево


Грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос по Белград денеска ќе престојува во Црна Гора каде што треба да има средби со претседателот на Парламентот Ранко Кривокапиќ,шефт на дипломатијата Игор Лукшиќ и со претседателот на Црна Гора Филип Вујновиќ, а потоа тој патува во Сараево на состанок со министерот за надворешни работи на БИХ Златко Лагумџија.
Грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос по Црна Гора и Сарево ќе отпатува во Приштина, а потоа заминува за Скопје каде што во четврток, според најавата од грчкото МНР, треба да има средби со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатијата Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на СДСМ Зоран Заев
Венизелос вчера во Белград изјави дека очекува помош од српскиот претседател Томислав Николиќ за решавање на спорот за името меѓу Атина и Скопје.Венизелос од Белград, како актуелен претседавач на ЕУ ја почна турнејата низ земјите од Западен Балкан.
XS
SM
MD
LG