Достапни линкови

logo-print

Пакистан-Мировните преговарачи бараат прекин на огнот


Пакистанските владини медијатори бараат од талибанците прекин на огнот за да може да ги обноват мировните разговори. До изјавата до која дојде вчера се наведува дека е невозможно продолжување на разговорите во ситуација на напади од бунтовниците. Фракција на милитантна група објави во неделата дека убила 23 киднапирани војници. Во вторникот двајца владини војници беа убиени во одвоени напади во северозападниот дел на земјата.Вклучително со убиството на киднапираните војници, според извештаите, околу 60 луѓе загинале во насилства, откако премиерот Шариф ги најави мировните разговори на 29 јануари.
XS
SM
MD
LG