Достапни линкови

Времето денеска -сончево и топло


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од 17 до 22 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
До четврток ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност. Локални врнежи од дожд и постепено опаѓање на дневната температура се очекуваат од петок.
XS
SM
MD
LG