Достапни линкови

Немањето добиточен пазар во Дебар стимулира болести и шверц


Дебар.

Дебар.

Фармерите од двете страни на границата имаат интерес, но и финансиски потенцијал за купопродажба на добиток, но актуелната далечина за пренесување на добитокот преку граничниот премин Ќафасан кај Струга тоа не го дозволува.

Немањето на добиточен пазар во Дебар, но и неможноста да се пренесе законски купен или продаден добиток преку граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар, поради категоризацијата на преминот, стимулира болести кај добитокот во пограничниот регион, оценуваат локалните експерти по ветеринарство. Фармерите од двете страни на границата имаат интерес, но и финансиски потенцијал за купопродажба на добиток, но актуелната далечина за пренесување на добитокот преку граничниот премин Ќафасан кај Струга тоа не го дозволува, вели ветеринарот Максут Крлуку.
Во Дебар немаме добиточен пазар. Тоа е голем проблем, бидејќи треба добиток да се купува од други градови или од Албанија, но тоа треба да се стори преку преминот Ќафасан кај Струга, што е далеку.

„Во Дебар немаме добиточен пазар. Тоа е голем проблем, бидејќи треба добиток да се купува од други градови или од Албанија, но тоа треба да се стори преку преминот Ќафасан кај Струга, што е далеку. Тамошните сточари имаат финансиски потенцијал, но преку преминот Блато тоа не е можно да се реализира“, вели Крлуку.
Максут Крлуку, ветеринар од Дебар.

Максут Крлуку, ветеринар од Дебар.


Според него, купувањето на добиток од други населени места, но и на црно, создава проблеми и околу контролата на добитокот од болести.

„Сега добитокот се купува од пазарите во Кичево, Битола, Куманово и други градови во нашава земја. Ако сакате да купите или продадете добиток во Албанија, тогаш треба да се патува кон Струга, Тирана за да се дојде на другата страна на границата што секако е далеку, и покрај тоа што од границата „Блато“ има 2 до 3 километри. Тоа е голем проблем за нашите сточари. Сето ова ја отежнува контролата врз добитокот и околу болестите. Ако немаме ветеринар на преминот, на некој начин има и пренесување на добиток на црно преку граница. Така имаме бруцелоза која е ендемична, но состојбата ја контролираме“, вели Крлуку.

Во Дебар исто така нема официјална кланица, што секако создава можности за неконтролирана продажба на месото кое се пласира на локалниот пазар, за што локалната власт деновиве побара од надлежните решавања на овој проблем.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG