Достапни линкови

logo-print

ЕУ и САД со осуда за насилствата во Киев


Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон ги осуди денешните насилства во Киев и побара од полицијата и од антивладините демонстранти да го продолжат дијалогот. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц пак изрази шокираност и тага за загинатите на протестите. Шефот на шведската дипломатија Карл Билд оцени дека по ваквиот трагичен ден сите во Украина сносат одговорност за постигнување мирно решение. Официјален Вашингтон побара од претседателот Виктор Јанукович да го запре насилството во Киев. Полицијата соопшти дека во нередите загинале најмалку пет лица, додека неколу десетици биле ранети.
XS
SM
MD
LG