Достапни линкови

Во Виена средба Груевски, Фајман


Никола Груевски

Никола Груевски

„Австрија и натаму ќе ја поддржува Македонија“, изјави премиерот Никола Груевски по денешната средба во Виена со австрискиот канцелар Вернер Фајман. На средбата, како што јавува МИА, Груевски информирал за спорот со Грција околу името, при што изразил надеж дека ќе се најде начин да се реши ова прашање. Двајцата премиери разговарале и за економската соработка, при што било истакнато дека Австрија е втор инвеститор во Македонија минатата година, како и тоа дека компаниите се главно задоволни од работењето во Македонија.
XS
SM
MD
LG