Достапни линкови

Социјалци без пари за лекување


Семејство Талимџиоски од Прилеп.
Семејство Талимџиоски од Прилеп.

Семејство Талимџиоски не може да го оствари правото на еднократна парична помош, иако немаат пари за лекување на нивната 12-годишна ќерка.

Прилепското четиричлено семејство Талимџиоски се невработени. Живеат само од социјална помош, а имаат огромни давачки за нега на својата 12 годишна ќерка Антонија. Од раѓањето девојчето има сериозни здравствени проблеми и неопходна е постојана грижа од семејството. Последниве месеци здравјето и се влошило, па одат од една до друга здравствена установа.
Има трошоци ако е ослободена, многу се, на приватно е сето. Еве и катетрите ги нема, гелот е на приватно, за мокрење што се таблетите и тие се на приватно, сирупот што ми го препорачаа и тој е на приватно.
Билјана Талимџиоска од Прилеп.

Девојчето е хоспитализирано во неколку наврати во Прилеп и во Скопје, а потоа е пуштено на домашно лекување. Трошоците за патувањата, престојот, парите за дел од лековите, велат Талимџиоски, некако со заеми успеале да ги покријат. Но, веќе немаат можност да се грижат соодветно за девојчето. Точно е, велат, дека за нејзината болест тие се ослободени од плаќање, но лековите кои им се потребни, може да се купат само приватно.

„Има трошоци ако е ослободена, многу се, на приватно е сето. Еве и катетрите ги нема, не можеме да ги најдеме, гелот е на приватно, за мокрење што се таблетите и тие се на приватно,
Антонија Талимџиоска.
Антонија Талимџиоска.
сирупот што ми го препорачаа и тој е на приватно, катетрите два месеца ги купував. Месечните трошоци се околу 5.000 денари“, вели мајката Билјана Талимџиоска.

За да некако состават крај со крај и продолжат со нега на своето дете, тие се обиделе да добијат барем еднократна парична помош. Затоа
Се обративме во Центарот за социјални работи, побаравме еднократна помош еднаш-два пати, со документите оставени и тие се одбиени.
Илија Талимџиоски од Прилеп.
во неколку наврати доставиле барања до Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.

„Се обративме во Центарот за социјални работи, побаравме еднократна помош еднаш-два пати, со документите оставени и тие се одбиени. Појдов таму ги побарав решенијата и ми кажаа тие по два-три месеца дека „си одбиен“. Јас барам од државата лекарствата да ми ги ослободи целосно и да можам да си ги набавам во сите аптеки. Не барам ни пари, ни ништо, лекарствата да можам да си ги земам, лично. А, не да појдам да ги плаќам лекарствата, а ги немам парите“, реагира таткото Илија Талимџиоски.

Ова семејство стравува дека во иднина не ќе можат да ги купуваат лековите потребни за нега на ќерката. Според директорката на Центарот, Снежана Јованоска и Министерството за труд и социјална политика доставило решение деновиве,со кое е потврдена одлуката на Центарот, дека на Талимџиоски согласно со закон не може да им се исплати еднократна парична помош.
Јованоска објаснува дека досега кога имало можност, семејството е помогнато и со ваков додаток. Но, таа потенцира дека за да го остварат ова право во иднина, треба при доставување на барањето да ги поднесат сите направени трошоци кои ќе бидат потврда за дополнителниот финансиски издаток на семејството којшто е потрошен исклучиво за лекување и нега на Антонија.

Во Прилеп има и други семејства кои се жалат дека многу лекови кои се на позитивна листа не може да се купат во аптеките. Велат дека немаат финансиска моќ да ја авансираат исплатата на медикаметот, па потоа да чекаат Фондот за здравство да им ги рефундира парите.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG