Достапни линкови

МВР: пријави за оние што го нарушиле редот на протестите


За време на денешниот протест на стечајците, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, повеќе пати бил нарушен јавниот ред и мир и тоа со обид за демолирање на заштитната ограда, како и туркање на кордонот полициски службеници. Во соопштението се додава дека бил идентификуван и легитимиран еден од сторителите и против него, како и против организаторот на протестот ќе бидат поднесени соодветни пријави. Протестот, на кој учествуваа околу 600 стечајци, започна пред зградата на Сојузот на Синдикати на Македонија, а потоа учесниците на простестот продолжија кон зградата на Владата. Владејачката ВМРО ДПМНЕ соопшти дека зад протестот директно стоел СДСМ кој, како што се наведува, повторно сакал да предизвика дестабилизација на државата.
XS
SM
MD
LG