Достапни линкови

logo-print

Австрија испраќа 130 дополнителни војници за Косово


Австриската влада денеска реши да го зголеми бројот на војниците во меѓународните мисии, меѓу кои и во КФОР на Косово. Министерот за одбрана Гералд Клуг изјави дека Австрија уште во првата половина од оваа година ќе испрати дополнителни 130 војници на Косово. Тој додаде дека тие војници пред се ќе извршуваат задачи во северниот дел на Косово и ќе го заменат францускиот контингент на КФОР. На денешната владина седница е донесена одлука и мисијата ЕУФОР Алтеа во Босна и Херцеговина да биде зголемена за дополнителни сто војници. Со тоа Австрија ќе има најголем контингент во Косово и Босна и Херцеговина, како земја, која не е членка на НАТО.
XS
SM
MD
LG