Достапни линкови

logo-print

Венизелос очекува помош од Николиќ за спорот за името


Грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос денеска во Белград изјави дека очекува помош од српскиот претседател Томислав Николиќ за решавање на спорот за името меѓу Атина и Скопје.

Според Венизелос, Николиќ може да помогне имајќи предивид „дека лично многу придонесол за воспоставување стабилност и пријателски односи во регионот“. Венизелос од Белград заминува за Приштина, а потоа за Скопје каде што в четврток, според најавата од грчкото МНР, треба да има средби со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатијата Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на СДСМ Зоран Заев.

Инаку, грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и српскиот премиер во оставка Ивица Дачиќ денеска изразија надеж дека Србија за кратко време ќе ги исполни условите и оти во 2020 година ќе стане членка на ЕУ.
XS
SM
MD
LG