Достапни линкови

logo-print

ВИДЕО, ФОТО: Жестоки судири во Киев, има загинати


Анти владините демонстранти се судрија со полицијата во Киев при што дојде до најголеми насилствa за изминативе неколку недели. Хаос низ улиците на градот.

Најмалку 3 лица загинале во денешните жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во Киев.
Полицијата употреби гумени куршуми и и димни бомби против деминстрантите кои фрлаа камења пред зградата на парламентот.Две полициски возила при тоа биле запалени.




Демонстранти потоа го нападнаа и го завзедоа седиштето на „Партијата на Регионите“ на претседателот Виктор Јанукович.

Тие фрлаа молотови коктели и ги искршија прозорците.
Десетици демонстранти и полицајци се повредени во судирите.




Демонстрантите во Киев бараат реформи за намалување на овластувањата на претседателот Виктор Јанукович.

Некои полицајци паднаа во рацете на демонстрантите. Дел од демонстрантите сакаа да се пресметаат со нив, но некои се обидуваат да ги одбранат.



Ова се најжестоките судири низ улиците на Киев од почетокот на анти-валдините демонстрации пред три месеци. Повод беше одлуката на државниот врв на Украина да се откаже од договорот за поблиски односи со Европската Унија. Украинскиот премиер поднесе оставка, но демонстрантите бараат оставка и од премиерот Виктор Јанукович и превремени избори.

XS
SM
MD
LG