Достапни линкови

Тројца демонстранти загинале во Киев


Анти владините демонстранти се судрија со полицијата во Киев при што дојде до најголеми насилство за изминативе неколку недели. При тоа, според опозицијата, најмалку 3 демонстранти биле убиени.

Полицијата употреби гумени куршуми и и димни бомби против деминстрантите кои фрлаа камења пред зградата на парламентот во вторникот.
Две полициски возила при тоа биле запалени.

Демонстранти потоа го нападнаа и го завзедоа седиштето на „Партијата на Регионите“ на претседателот Виктор Јанукович.

Тие фрлаа молотови коктели и ги искршија прозорците.
Најмалку 10 демонстранти и 7 полицајци се повредени во судирите.

Демонстрантите во Киев бараат реформи за намалување на овластувањата на претседателот Виктор Јанукович.
XS
SM
MD
LG