Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу полицијата и стечајците во Скопје


Неколкумина полесно повредени, двајца приведени, па по интервенцијата на Хелсиншкиот комитет ослободени демонстранти и една интервенција на возилото на Брза помош е епилогот од судирите меѓу демонстрантите и полицијата на денешниот протест на стечајците пред владата.

Неколкумина полесно повредени, двајца приведени, па по интервенцијата на Хелсиншкиот комитет ослободени демонстранти и една интервенција на возилото на Брза помош е епилогот од судирите меѓу демонстрантите и полицијата на денешниот протест на стечајците пред владата.

До судирите дојде кога неколкуте стотини демонстранти се обидоа да ја пробијат металната ограда што беше поставена пред владата.

​За време на судирите, беа приведени стечајната лидерка Љиљана Ѓорѓиевска од здружението УНИТ од Куманово и Васко Цацаноски од Левичарското движење солидарност, но по интервенција на директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска, тие беа ослободени од полициското комбе во кое беа заджрани.
Ако сакаат да се тепаме, е па господо, ќе се спремиме за друг пат и ќе се тепаме. Госпоѓата Јанкулоска нека сфати дека оној што нема корка леб да јаде, дека тој не се плаши од ништо.


Љиљана Ѓорѓиевска од УНИТ побара оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Кого го брани таа полиција, дали нас граѓаните коишто сме дошле тука да протестираме за нашите елементарни права да преживееме или елитите, државните елити.

„Со вакво постапување на припадниците на МВР, со вакво тепање на народ над 50-годишна возраст, на човек му скршија вилица, јас сум удирана по нозе, по грб, жива утепана, жени се влечени за коса и се тепани. Еве ја жената. Ако сакаат да се тепаме, е па господо, ќе се спремиме за друг пат и ќе се тепаме. Госпоѓата Јанкулоска нека сфати дека оној што нема корка леб да јаде, дека тој не се плаши од ништо“, вели Ѓорѓиевска.

Цацаноски вели дека дошол на протестот затоа што маката на стечајците е мака на сите луѓе.

„Затоа се тие тука, да се изборат за едно парче леб, да го скрпат месецот, за себе и за своите семејства, а онака како што се однесуваше полицијата кон нас денеска, видовте, кого го брани таа полиција, дали нас граѓаните коишто сме дошле тука да протестираме за нашите елементарни права да преживееме или елитите, државните елити“, вели Цацаноски.

Ако така треба да се одговори на бедата и маката на овие луѓе, со насилство, тогаш ние зборуваме за полициска држава.
Пировска обвини за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата, но ниту еден од полицајците не сакаше да се легитимира.

„Ако така треба да се одговори на бедата и маката на овие луѓе, со насилство, тогаш ние зборуваме за полициска држава. Хелсиншкиот комитет ќе покрене постапка и ќе побара да се покрене постапка против оние полициски службеници кои денес применија физичка сила“, вели Пировска.

Протестот на стечајците го поддржаа и движењето за социјална правда Ленка и Левичарското движење Солидарност, како и уште неколку невладини организации.

Владата ги обештетува стечајците од фирмите со доминантна државна сопственост кои имаат над 25 години стаж. Демонстрантите бараат обештетување и на стечајците од фирмите кои пред да отидат под стечај биле приватизирани, а имаат над 15 години стаж.

Собранието минатата недела ги донесе измените на законот за стечајци, за обесштетување на оние работници од фирми со доминантна државна сопственост кои отишле под стечај од 2000 до 2004. Опозицијата обвини дека новиот закон е само предизборна реклама и оти нема никого да обесштети. Власта одговори дека не го знае точниот број, но очекува законот да опфати околу 3 илјади стечајци.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG