Достапни линкови

logo-print

Киев - најголеми насилства во последно време


Анти владините демонстранти се судрија со полицијата во Киев при што дојде до најголеми насилство за изминативе неколку недели.

Полицијата употреби гумени куршуми и и димни бомби против деминстрантите кои фрлаа камења пред зградата на парламентот во вторникот.

Две полициски возила при тоа биле запалени. Демонстранти потоа го нападнаа и го завзедоа седиштето на „Партијата на Регионите“ на претседателот Виктор Јанукович.

Тие фрлаа молотови коктели и ги искршија прозорците. Најмалку 10 демонстранти и 7 полицајци се повредени во судирите.

Демонстрантите во Киев бараат реформи за намалување на овластувањата на претседателот Виктор Јанукович.
XS
SM
MD
LG