Достапни линкови

Бесими: Прашањето за името ги загрижува сите граѓани


Прашањето за името и евроатлантската перспектива на Македонија ги загрижува сите граѓани на земјата, без разлика на нивната националност.

Ова го изјави вице премиерот задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесими, на денешниот брифинг „Македонската европска иднина - проспекти и предизвици” организиран од Европскиот центар за политики во Брисел.

Според Бесими, не се точни гласините дека албанските претставници во Владата не се заинтересирани исто како и македонската заедница оти интересот за земјата е идентичен, сите сакаме да напредува, да биде членка на ЕУ и НАТО и заедно сме во ова.
XS
SM
MD
LG