Достапни линкови

logo-print

Приведени па пуштени двајца демонстранти во Скопје


Во бурна и жестока атмосфера се одвива протестот на неколку стотина стечајци пред Владата. Револтираните стечајни работници се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во владината зграда при што полицијата накратко привела двајца демонстранти, еден активист на Солидарност и претседателската на Хелсиншки комитет но набрзо тие беа ослободени.

Стечајците денешниот протест го започнаа пред пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје по што демонстрантите се упатија пред кон македонското Собрание а потоа и кон Владата.
А народ нема леб, да јаде, доста е рековме доста е. Од денеска ова е предупредувачки штрајк, на наредерн нека му мислат, или ум нека им дојде или ќе ја гледаат и Украина, и Босна, и Црна Гора и Хрватска и се по ред а може да биде и полошо,
Владата ги обештетува стечајците од фирмите со доминантна државна сопственост кои имаат над 25 години стаж. Демонстрантите бараат обештетување и на стечајците од фирмите кои пред да отидат под стечај биле приватизирани а имаат над 15 години стаж.

Стечајците го обвинуваат претседателот на Сојузот на синдикатите Живко Митревски дека ги продал интересите на работниците на сметка на неговите лични интереси.

„А народ нема леб, да јаде, доста е рековме доста е. Од денеска ова е предупредувачки штрајк, на наредерн нека му мислат, или ум нека им дојде или ќе ја гледаат и Украина, и Босна, и Црна Гора и Хрватска и се по ред а може да биде и полошо,“ вели претседателката на здружението на стечајците од Куманово УНИТ, Лилјана Георгиевска.

За време на протестот службеник од синдикатот, излезе и им подели соопштенија од Сојузот на синдикатот на новинарите. Во соопштението се наведува дека сојузот на синдикати континуирано настојува на решавање на проблемот на стечајците.

„ССМ во еден историски континуитет секогаш бил активно вклучен во изготвувањето на проблемот на статусот на овие работници, со давање на конкретни предлози и забелешки во поглед на законската регулатива, “ се наведува во соопштението.

Протестот на стечајците го поддржаа и движењето за социјална правда Ленка и левичарското движење Солидарност, како и уште неколку невладини организации. Во повикот за излегување на протести на движењата Ленка и Солидарност се наведува дека законот за стечајци што го донесе собранието е политичка манипулација на власта затоа со него се решава проблемот на мал дел стечајци а не на мнозинството од нив. Македонија според нејзиниот устав е социјална држава тоа значи дека решавањето на социјалните проблеми на нејзините граѓани треба да биде приоритет за секоја нејзина влада. Не може да има пари за споменици, а да нема пари за стечајците велат во двете движења.

Собранието минатата недела ги донесе измените на законот за стечајци, за обесштетување на оние работници од фирми со доминантна државна сопственост кои отишле под стечај од 2000 до 2004. Здружението УНИТ бара обесштетување и на стечајците од фирмите кои пред да отидат под стечај биле приватизирани. Опозицијата обвини дека новиот закон е само предизборна реклама и оти нема никого да обесштети. Власта одговори дека не го знае точниот број, но очекува законот да опфати околу 3 илјади стечајци.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG