Достапни линкови

Киев - демонстрантите го завзедоа седиштето на партијата на Јанукович


Анти – владините демонстранти го нападнаа и го завзедоа седиштето на „Партијата на Регионите“ на претседателот Виктор Јанукович.
Тие фрлаа молотови коктели и ги искршија прозорците.

Во центарот на Киев претходно дојде до нови судири меѓу полицијата и демонстрантите. Тепачката избувнала откако демонстрантите се пробиле преку полициските линии пред зградата на парламентот.

Полицијата употреби димни бомби откако демонстрантите фрлаа камења врз полицијата.

Се јавува дека има повредени лица. Илјадници демонстранти маршираа во Киев барајки реформи за намалување на овластувањата на претседателот Виктор Јанукович. Анти-владините протести во Украина траат речиси три месеци.
XS
SM
MD
LG