Достапни линкови

logo-print

Толоконикова и Аљокина уапсени во Сочи


Двете поранешни членки на Пуси Рајот, Надежда Толоконикова и Марија Аљокина преку Твитер соопштија дека биле притворени во Сочи каде се во тек Олимписките игри под сомневање за криминал.

Активистот за човекови права Семијон Симонов изјави дека двете жени се обвинети за кражба.

Тие во декември беа амнестирани и ослободени по речиси две години од затвор. Толоконикова и Аљокина беа осудени за хулиганизам, односно за перформансот на песната против претседателот Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG