Достапни линкови

Мали очекувања од нуклеарните преговори со Иран


шефовите на иранската и на австриската дипломатија Мохамад Џавад Зариф и Себастијан Курц, Виена 17.02.2014.

шефовите на иранската и на австриската дипломатија Мохамад Џавад Зариф и Себастијан Курц, Виена 17.02.2014.

Иран и шестте светски сили во Виена почнаа преговори за долгорочен договор за ограничување на иранската нуклеарна програма. И Техеран и Западот очекуваат долг и тежок процес кој, според некои оценки, не би можело да води и до конкретно решение.

Разговорите во Виена се прва рунда од преговорите на виско ниво откако на 24 ноември минатата година беше постигната времената спогодба меѓу двете страни. Со неа Техеран се согласи да го намали процесот за збогатување ураниум на шест месеци, а за возврат на тоа да добие извесно олабување на меѓународните санкции.
Ајатолах Али Хаменеи.

Ајатолах Али Хаменеи.


Иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи изјави дека не е оптимист оти овие нуклеарни преговори ќе доведат до одржлив договор. Според него, разговорите не водат никаде.

„Нуклеарното прашање е изговор за нивното непријателство. Дури и ако нуклеарното прашање еден ден биде решено на задоволство на Американците, што е тешко за очекување, ќе се појави друго прашање. Погледнете за какви се прашања зборуваат портпаролите на американската влада: прашања за човекови права, ракетни прашања, прашања за вооружување. Изненаден сум што Американците не се засрамени што воопшто зборуваат за човекови права“, Изјави Ајатолах Хаменеи на еден собир во северниот дел на Иран.
Нуклеарното прашање е изговор за нивното непријателство. Дури и ако нуклеарното прашање еден ден биде решено на задоволство на американците, што е тешко за очекување, ќе се појави друго прашање.

Неколку часови подоцна висок претставник на американската администрација исто така оцени дека се мали очекувањата од преговорите во Виена.

Според претставникот, тоа ќе биде сложен, тежок и долг процес во кој, како што ги пренесуваат новинските агенции неговите зборови, „веројатно нема да постигнеме договор каков што посакуваме“.

На преговорите во Виена на едната страна е иранската делегација предводена од шефот на дипломатијата Мохамад Џавад Зариф, а на другата високи претставници на Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и Соединетите држави.

Преговорите ги набљудува шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон. Нејзиниот портпарол Мајкл Ман вели дека преговорите немаат никаква временска рамка, бидејќи станува збор за динамичен процес.

„Главно за време на преговорите за оваа сеопфатна спогодба е што мора да се решат сите загрижености околу иранската нуклеарна програма“, изјави Ман.

Техеран не ги почитуваше барањата на Советот за безбедност на Обединетите нации да го запре збогатувањето ураниум што доведе до тешки санкции од страна на Европската унија, Соединетите држави и Светската организација.

Аналитичарите велат дека одлуката на Хаменеи да почне преговори со шестте светски сили и покрај скептицизмот што го има во врска со нив, е резултат на големото влошување на економските услови во Иран.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG